За потребите на нејзината емисија “Живот со стил“ македонската водителка секогаш може да ја видиме во топ форма.
Елена Стефановска и зад камерите се труди да изгледа беспрекорно и да следи разни модни трендови.
Таа е доста активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии од нејзините активности и ангажмани, што приватни, што професионални.
Овој пат објави фотографија и се покажа во издание во кое ретко може да ја видиме.
Ако судиме по објавата, највероватно фотографијата е направена по туширање, а Стефановска е без грам шминка.
„Само природно“, напиша Елена во објавата на „Инста стори“.
фото:инстаграм