Македонската фолк пејачка Стојне Николова заедно со нејзиниот музички компањон Бобан Мојсовски – Мојсо и останатата екипа македонски музичари имаа мошне успешна турнеја по Австралија.
Десеттина концерти во најголемите градови, во местата каде што живеат најмногу нашинци и насекаде полни сали, убаво расположение, фантастична атмосфера. Како и не би кога се ори убава македонска песна во туѓина, а неа ја пее уште уште поубава мома, каква што е сексапилната струмичка фолкерка.
И самата прездоволна од приемот, настапите и целата атмосфера, убавото Стојне се огласи на својот Фејсбук профил на кој им се заблагодари на сите кои придонесоа австралиската турнеја да биде успешна.
Најмногу на нашинците кои беа и бројна и верна, весела и распеана публика на настапите згодната струмичанка и нејзината музичка дружина. Споделувајќи инсерти од последниот астап во Перт, Стојне на Фејсбук напиша:
„Епа драги мои пријатели,ви благодарам од срце за подршката, за несебичната љубов и за преубавите моменти, кои дефинитивно ќе се паметат.
Интересни моменти од цела турнеа и тоа како ние си поминавме,ќе објавам за неколку дена, а до тогаш довидување нашинци и се надевам ќе се дружиме за брзо, на наш терен во Македонија, ако пак не, се гледаме 2025 година во Австралија. Ве сакам“.
Арно ама еден друг детал, кој Стојнето него спомена, ама сепак го споделила, на нејзините следбеници им западна во око. Ваква стројна мома нема кој не би ја посакал, па веројатно како и расте популарноста, така „фрчат“ и додворувачите со љубовни, па дури и брачни понуди, на кои Стојне досега успешно им одолева.
Ама, дали е баш така, дали можеби турнејата по Австралија Стојне Николова не ја заврши со „сувенир“ од туѓина? Одговорот овој пат е – ДА! Стојне Николова верувале или не, се регистрираше!
И пред некои да речат нека и е со среќа, нека е аирлија, мораме да ја појасниме целата ситуација! Струмичката фолкерка заврши со регистрација, ама само на табличка.
Имено, Стојне доби на подарок сувенир налик на регистерска табличка во црвена боја на која е испишано нејзиното презиме покрај кое наместо срамната ознака NMK, гордо стои сонцето од Кутлеш!
Сега Стојне Николова и навистина регистрирана… И тоа како горда Македонка со тапија, со табличка кај македонската дијаспора! Епа, нека е аирлија!
Фото: Фејсбук и Инстаграм/stojne_official