Веста дека актерот Метју Пери трагично го загуби животот кога се удави во џакузи го потресе целиот свет.
Како што е познато, актерот прво играл „Пиклбол“, по што испратил асистент да направи нешто додека се капел во џакузито. Меѓутоа, кога асистентот се вратил, го чекала неочекувана сцена која променила се’, безживотното тело на познатиот актер било во џакузито.
Сега се објавени слики на кои се гледа базенот во чиј агол се наоѓа џакузи каде актерот го загуби животот. Покрај базенот има и бел форензички шатор, а полициските автомобили ја опколија неговата куќа.
Луксузниот автомобил што го користел Метју е паркиран пред влезот, а вратите се ширум отворени, што јасно покажува дека истрагата е во тек.
фото:The Image Direct / Profimedia/nobyline@backgrid / BACKGRID / Backgrid USA/