Радио Милева строга диета

„Ме тераат да го затегнам лицето, имам проблем“: Пејачката ослабе десет килограми за 6 месеци, а сега ги откри последиците – еве што јадела (фото) 

„Ме тераат да го затегнам лицето, имам проблем“: Пејачката ослабе десет килограми за 6 месеци, а сега ги откри последиците – еве што јадела (фото) 

Пејачката Јелена Лаловиќ, попозната како Јелена, поради вишокот килограми што ги има, призна дека често е на строги диети.

Како што вели, диетата што ја следела вродила со плод, но има желба своето тело да го доведе до совршенство.

– На различни диети сум, ослабев, но ми треба повеќе бидејќи имам наслаги на стомакот… Најголем проблем се јавува кога слабеам, бидејќи и градите ми се намалуваат и исчезнуваат.

Штом се здебелам, ми растат и градите – вели Јелена и додава дека многу луѓе ја поттикнуваат да оди на естетска операција.

-Постојано ме тераат да го затегнам лицето, но сепак се трудам да направам се што можам природно. Имам проблем – се плашам од игли! Затоа немам вбризгано ништо во лицето, но се плашам дека еден ден ќе морам да стиснам заби и да се затегнам.

Како што еднаш кажа, Јелна изгубила 10 килограми за шест месеци.

-Почнав со нутриционист, бидејќи најважно е да се намали исхраната. Првите два месеци морав да престанам со се што е нездраво – сода, слатки, леб, пиво, вино… Јадев житарки за појадок, мисирка или бифтек за ручек, а риба за вечера.

По одредено време пејачката можела малку да се опушти. – По два месеци ми го сменија начинот на исхрана, па во вторник можев да јадам парче пица и чизкејк. Така и црвеното месо, но не често. Повеќето оброци ги подготвував на пареа.

Јелена вели дека и било потребно половина година за да го постигне посакуваниот изглед.

Инаку, Јелена беше на естрадата, но наеднаш се повлече од јавната сцена и се чини токму во моментот кога беше на врвот на кариерата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top