Српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ и нашата голема ракометна ѕвезда Стојанче Стоилов делат иста љубов за која можеби ниту двајцата не се свесни.
Имено, Марија и Столе се големи љубители на животните, а во својот живот имаат исто куче од раста англиски булдог.
Миленикот на Марија се вика Хак и е буквално неразделен од неа, додека миленикот на Столе пак, е нешто помлад од Хак и се вика Гац.

Столе и Марија секојдневно им се посветени на своите галеничиња кои им го разубавуваат секој миг, ги смеат и им го полнат срцето.

Љубителите на животни знаат дека безусловната љубов која може да ја пружи миленикот е незаменлива, а тоа добро го чувствуваат Столе и Марија.
Се вели дека кучињата најчесто го имаат карактерот на сопствениците, а англискиот булдог како раса се одликува со темпераментот, активност, сила и впечаток на енергичност и одлучност.
Погледнете колку се слатки:




