Радио Милева тинејџерка

Спомен стар цели 24 години: Еве како изгледаше Елена Стојановска на 19 – времето лета, а таа речиси иста (фото)

Спомен стар цели 24 години: Еве како изгледаше Елена Стојановска на 19 – времето лета, а таа речиси иста (фото)

ТВ водителката Елена Стојановска Јанковска важи за една од најубавите и најхаризматичните женски лица пред камерите. Со јавна професија се занимава години наназад, а кога ќе се спомнат нејзините години кои таа не ги крие, ретко кој верува.

Елена неодамна се врати од октомвриски одмор нa кој беше заедно со сопругот во далечната Африка, односно на преубавиот тропски рај Сејшели каде го прослави својо 43-ти роденден.

Полна со енергија и елан за работа се врати пред камерите и секако социјалните мрежи каде и онака не прави пауза. Сега, на изненадување на следбениците водителката објави свои ретро фотографии од фотосесија направена пред цели 24 години.

Како што појасни, овие ремек дела ги нашла нејзината ќерка, па и евоцираше спомени дека уште од тинејџека е пред објективот, во случајот за некој магазин на кого ни самата не се сеќава.

Во тоа време друштво и правела нејзината сестра, да ја поддржува и бодри пред стравот и тремата кои тогаш ги имала.

-Ќерка ми денес ми ги најде стариве слики, и навистина лета времето. Имам само 19 години, ме сликаше Аварел за некое списание актуелно во тоа време. Сестра ми како и секогаш беше со мене, да ми чува страв.

Од приложеното едно е кристално јасно, годините си поминале, ама Елена речиси останала иста, па дури ја носи и истата фризура.

Гените ја дарувале да го задржи младешкиот изглед и да биде и остане пример за вистинска природна убавина во денешното модерно естетско време.

Ако некои преферираат да соријат какви биле порано, Елена напротив, сака гордо да покаже, независно дали има 19 или 43 години.

фото: Инстаграм принтскрин/Елена Стојановска

Поврзани теми

To top