Мегафон

Две титули за македонските претставнички на MISS TOP MODEL EARTH 2023 (фото)

Две титули за македонските претставнички на MISS TOP MODEL EARTH 2023 (фото)

На изборот за MISS TOP MODEL EARTH 2023, кој минатиот викенд се оджа во Тбилиси, Грузија, две девојки од Македонија освоија титули.

Сара Дојчиноска ја освои титулата Втора придружничка, а Белисима Лукарова титулата Четврта придружничка. Победничка на изборот е претставничката на Украина, а Прва придружничка девојката од Казахстан.

Изборот се одржа во елитниот хотел BILTMORE во Тбилиси, во кој девојките беа и сместени и се подготвуваа за финалната вечер.

Ова е нов избор, значи за прв пат се одржа, во организација на АYA PRODUCTION од Бејрут, Либан, со тенденција да стане традиционален.

Двете наши учеснички се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина и модели.

Девојките на изборот се претставија во креации на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.

фото:Приватна архива

To top