Старлетата Александра Суботиќ често е на „тапет“ поради фотошопираните слики што ги објавува на мрежите, а со последната објава предизвика вистинска врева.
Имено, таа објави фотографија од базенот во Дубаи на која позира со Пеца, а нејзините следбеници забележаа дека покрај нејзиното лице го „средувала“ и Пеца.
Суботиќ претерала толку многу што коментарите продолжија да се нижат.
View this post on Instagram
„Колку фотошоп“, „како порцелански кукли“, „е, ова е хит“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, јавноста остана вчудоневидена кога се појавија слики на кои Пеца Распоповиќ и Маја Маринковиќ разменуваат нежности на затворен базен.
Додека Александра јавно плачеше и се жалеше, тие се забавуваа, но на крајот дојде до пресврт, па Распоповиќ и се врати на невенчаната жена со која го има синот Јован.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/А Суботиќ