Кога станува збор за стилот, начинот на облекување, шминкање или бирање на модни комбинации секој има различен вкус.
А понекогаш и секоја промена е добредојдена, промена која ќе го освежи нашиот изглед и ќе направи да се чувстуваме подборо.
Елена Ристеска се одлучи да направи промена и тоа својата долга коса да ја скрати. За тоа се погрижи нејзиниот стилист Даниел Николовски.
На социјалните мрежи Елена објави фотографија од тазе новата фризура, а од нејзините следбеници доби само комплименти.
„Убави“, „Секако ни си убава“, „Елена прекрасно изгледаш со фризурата“ беа само дел од комплиментите кои ги доби пејачката од своите фанови.