Сите имаме свои мани и доблести, а скромноста дефинитивно е во редот на поубавата страна.
Славата многу лесно може да „удри во глава“, но и од многу високо, брзо да се падне ниско. Затоа, приземеноста е одлика која познатите ретко или многу малку ја имаат, но тие пак што ја задржале, народот најмногу ги сака, почитува и ги чувствува близу.
Нашата голема музичка ѕвезда Калиопи е една од нив, а дека е таква многупати покажала и докажала на разни начини.
View this post on Instagram
Периодов Опи е турбо активна со промоција на новиот сингл „Кај осване“, а пред неа, односно од 20-ти (петок) почнува концертна турнеја од Бијељина во Босна и Херцеговина.
Во пресрет на својата музичка обиколка на регионот, таа како што е ред ги најавува своите активности по телевизиите и радијата, постојано е на пат за да стигне навреме и да застане пред камери. Набиен распоред на кој секогаш се придржува и го исполнува ветеното.
View this post on Instagram
Денес беше гостинка и во утринската на телевизија Сител во „Ја сакам Македонија“, а оттаму презентерот Сапасе Јовановски почувствува потреба да и појасни на јавноста дека Калиопи отсегогаш била ѕвезда која е специјална, поразлична од многуте други кои секогаш сакаат да бидат ултра привилегирани и третирани.
Калиопи ова утро уште еднаш го примени спротивното, па наместо тон барања, од домаќните побара само едно – вода!
-Калиоппи денес беше гостин во „Ја сакам Македонија“. Познавајќи ја од времето кога бев новинар во “Свет” Калиопи е потполно иста. Ведра, весела, полна со енергија иако дојде во точно во 7 часот во ТВ! Без никакви посебни барања, шминкери, фризери, температура на студио… Дојде подготвена и побара само вода. ПРАВА ЅВЕЗДЕТИНА, и дама! А не оние што мислат дека се, па нема да дојдат на емисија, ќе се успијат, но со такво однесување ќе си ја успијат и кариерата! Потенцираше Сапасе или попознат како „Рола до Бола“.
Токму таа едноставност, ведрина, позитива, искрена насмевка и секако песна, веруваме дека им го направи утрото поубаво на гледачите кои во тоа време беа токму на таа фреквенција.
А Калиопи… таа како и секогаш останува да вибрира на музичка фреквенција, деновиве низ регионот и се до 4-ти ноември кога ќе настапи во „МТС Дворана“ во Белград пред својата публика.
Дотогаш нема мирување, туку само ширење љубов и музика низ регионот.
фото:Инстаграм принтскрин Калиопи/Спасе Јовановски Фејсбук