Брус Вилис веќе некое време се бори со посебен облик на деменција, а во јавноста често излегуваат информации за него кои ги загрижуваат неговите обожаватели.
Сега се огласи и неговиот пријател Глен Гордон Карон, кој раскажал во каква состојба е актерот.
Како што открил, гласните способности на Брус се влошиле.
„Не сум секогаш добар, но се трудам да разговарам со него и неговата сопруга и да имам лежерен однос со неговите три деца. Со сите сили се трудев да останам во неговиот живот“, раскажал режисерот и додал:
„Она што ја прави оваа болест толку шокантна е тоа што ако некогаш сте поминале време со Брус Вилис, ќе знаете дека нема никој што повеќе се радувал на животот од него. Го сакаше животот и обожуваше да се буди секое утро и да се обидува да го живее животот со полни гради“.
Режисерот додал дека чувствува дека Вилис сепак е истата личност, но дека во моментот има впечаток дека животот го гледа „низ мрежеста врата“.
„Чувствувам дека во првите три минути знае кој сум. Не е во целост комуникативен. Беше страстен читател, не сакаше никој да го знае тоа, но повеќе не чита. Сите тие јазични вештини веќе не му се достапни, но тој сè уште е Брус“, вели пријателот на актерот.
View this post on Instagram
За потсетување, Брус се повлече од актерството во 2022 година бидејќи му беше дијагностицирана афазија – нарушување на говорот. На почетокот на 2023 година, му беше дијагностицирана и фронтотемпорална деменција.
Оттогаш Вилис е постојано со семејството кое се грижи за него, а тука е и неговата поранешна сопруга Деми Мур со која е во одлични односи.
фото:Профимедиа/ Инстаграм