Радио Милева жешка сцена

Џенифер Анистон потполно гола: Познатата актерка како од мајка родена во прегратката на нејзиниот колега (фото+18)

Џенифер Анистон потполно гола: Познатата актерка како од мајка родена во прегратката на нејзиниот колега (фото+18)

Џенифер Анистон на 54-годишна возраст по втор пат во животот е снимена гола пред камерите.

Познатата актерка Џенифер Анистон зад себе има долга кариера од повеќе од три децении. Таа на 54 години реши да се соблече пред камерите, но по втор пат во нејзината кариера.

Имено, во новата сезона на серијата „The Morning Show“, прославената актерка се појавува целосно гола во интимна сцена.

Популарната актерка е прикажана како лежи на креветот во спалната соба, целосно гола, а покрај неа во кревет е нејзиниот колега Џон Хам.

Во оваа серија, Џенифер ја игра улогата на водителка на вести Алекс Леви, додека Џон го игра технолошкиот милијардер Пол Маркс.

Во најновата епизода од третата сезона, Алекс го интервјуираше Пол во неговата луксузна вила, а напнатиот и тежок разговор доведе до искри меѓу двајцата, а набрзо по интервјуто завршија во кревет.

Во жешките, интимни сцени, актерската двојка целосно се разголи, а Џенифер изгледаше сензационално како и пред речиси 20 години, кога се разголе во комедијата „The Break Up“ во 2006 година, пишува cdm.me.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top