Радио Милева одбиен предлог

Се огласи екс-девојката на Канје Вест: „Се чувствував како негова мала кукла“ (фото)

Се огласи екс-девојката на Канје Вест: „Се чувствував како негова мала кукла“ (фото)

Џулија Фокс, екс- девојката на Канје Вест, во своите мемоари „Down the Drain“ пишувала за нивниот однос додека биле во врска.

„The Guardian“ пишувал за едно поглавје од книгата, во кое Џулија пишувала за бизарниот предлог кој раперот го имал за неа.

„Бевме дома цел ден ја игравме играта „UNO“, а играта вклучува истакнување на позитивните карактеристики на личноста“ напишала 33-годишната манекенка. Тогаш открила дека Канје во текот на играта и предложил да ги зголеми градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Fox (@juliafox)

„Ќе ти ја платам операцијата ако сакаш да ги зголемиш градите“ и предложил раперот – напишала Фокс.

Манекенката, како што напишала во книгата, го одбила тој предлог.

Канје и Џулија беа заедно неколку месеци, а таа е првата девојка со која раперот за првпат се појави во јавност по разводот со Ким Кардашијан.

Фокс истакнала дека смета дека раперот ја искористил како пион во текот на разводот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Fox (@juliafox)

„Се чувствував како негова мала кукла. Тоа е понижувачки. Навистина грда позиција“ – изјавила Фокс.

За потсетување, Џулија неодамна со јавноста сподели дека таа и раперот наводно немале интимни односи.

фото: Инстаграм принтсктин/ Profimedia

To top