Радио Милева женска забава

На Миа Костова пулсот и рипна на 150 откако го виде своето роденденско изненадување и необичната торта од пријателите (фото)

На Миа Костова пулсот и рипна на 150 откако го виде своето роденденско изненадување и необичната торта од пријателите (фото)

Миа Костова на социјалната мрежа Инстаграм редовно споделува фотографии и видеа од нејзиното секојдневие, а овој пат со објавата им го привлече вниманието на сите.

Имено, таа вчера објави фотографија на која напиша дека има нова фризура, но и нова килажа.

– Имам нова коса и нова килажа 39 -че добредојде! – со насмевка откри таа, а честитките по повод роденденот почнаа да се редат.

Но, во доцните часови таа сподели и дел од вечерната атмосфера каде ја пречека големо изненадување од пријателите во еден ресторан.

Имено, додека Миа влегуваше во локалот пејачката Тамара Тодевска се сокри под маса и со прстот покажуваше сите да молчат, а наедно таа беше и ди-џејот на вечерта.

Па, откако влезе сите запејаа среќен роденден и ја разнежнија со тон емоции.

Миа потоа ја покажа и тортата која била во црна боја со црвени ружи, но и преубавата трпеза полна со декорации.

„Фала ви од срце, но лута сум ви за пулсот 150“, напиша на фотографијата која со задоволство ја објави.

А потоа ги дувна свеќичките и се фотографираше со балоните со форма на бројката -39 ка.

Среќен роденден Миа!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костоав

 

To top