Мегафон на 12-ти октомври во х. Хилтон-Скопје

“МАКФЕСТ 2023“ ја закажа првата PRESS конференција

“МАКФЕСТ 2023“ ја закажа првата PRESS конференција

Фестивалот на забавни мелодии “МАКФЕСТ 2023“ – Штип, ја закажа првата PRESS конференција, која ќе се одржи на 12-ти Октомври (ЧЕТВРТОК) со почеток во 12.00 часот во хотел ХИЛТОН  во Скопје.

На ПРЕС конференцијата ќе бидат обзнанети сите детали и поединости околу одржувањето на годинешниот  „Макфест 2023“, како и комплетните листи на учесници на двете фестивалски вечери, имињата на водителите, презентерите,  црвениот тепих, изведбите, правилата и пропозициите… и сето останато што ќе се случува годинава на најреномиранот македонски фестивал на забавна музика.

По официјалниот дел на ПРЕСС-от следува коктел дружење со новинарите и останатите претставници на медиумите.

To top