Александра Николиќ, победничката на реалити програмата „Задруга 6“, сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм фотографија на која јасно се гледа нејзиниот труднички стомак.
Реалити учесникот и победник на реалити програмата „Задруга 6“, Алекс Николиќ е во блажена состојба, а татко на детето е Филип Цар.
И покрај тоа што последниве денови беше сред скандал поради раскинувањето со Филип и меѓусебните обвинувања, Николиќ изгледа стои на своето.
Имено, иако ја прекинала комуникацијата со таткото на своето дете, Алекс продолжила да ужива во бременоста, а сега ги израдувала следбениците на Инстаграм со првата фотографија од нејзиното стомаче.
Да потсетиме, Александра Николиќ и Филип Цар ја раскинаа свршувачката, по што старлетата упати шокантни обвинувања на сметка на својот поранешен вереник. Таа потоа откри дека трпела насилство за време на нивната врска, а дополнително ја шокираше јавноста со тврдењата дека учесникот на реалити ТВ консумира опијати.
Фото: Принтскрин