Познатото македонско дуо млади естрадниартисти Пајак и Лара кои сите многу добро ги знаеме од минатогодишниот „Макфест“ кога се појавија со големиот хит „Бела“ чие видео достигна над 33 милиони прегледи на Јутјуб, за своите фанови и македонската публика повторно подготвуваат дуетска песна. Тоа доаѓа некако природно, а и самата публика тоа би го очекувала по минатогодишниот хит кој Пајак и Лара ги крена на едно повисоко ниво, меѓу најголемите ѕвезди на македонската музичка сцена.
„Ветуваме дека повторно ќе седнеме во студио и дека ќе направиме уште еден нов македонски хит“ – најави Лара. Инаку, во последниот период тие двајца често заедно настапуваат низ Македонија.
Во очекување на најновиот заеднички хит помеѓу младите пејачи, само за момент потсетете се на минатогодишниот настап на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, кога токму тогаш овие двајца ја исполнија оваа денес насекаде позната и барана песна, нивната „Бела“.