Стефан Лазаров иако не работи во ниту еден официјален медиум со текот на времето стана медиумски мегапопуларен лик на Интернет со својите подкасти, кои публиката на Јутјуб едвај чека со задоволство да ги проследи.
Патем, социјалните мрежи јутјуберот обилно ги користи, па секојднениот престој на нив му е како престој во „втор дом“, од што јавноста може да дознае се што професионално и приватно на Лазаов му се случува. Токму на својот Инстаграм, Стефан деновиве сподели дека се подновил со „ тегет металик Мече“… Скап автомобил кој му бил отсекогаш сон да го има, а сега сонот успеал да си го оствари. Првото сочување со неа во салонот за автомобили, чинот на потпишување на документите и моментот на преземањето на колата заедно со неговата тазе сопруга Марта, Лазаров природно ги овековечил со видео кое подоцна го споделил на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Другиот ден дури и направил видео за својот Јутјуб канал, на кое ги собрал пријателите за да им ги слушне и сними мислењата и реакциите за новиот љубимец на 4 тркала… А и да им даде да свртат по едно кругче… Ама внимателно, под негова контрола и надзор!
Арно ама, очигледно менталитетот во земјата во која живееме па и пошироко на Балканот, изгледа е таков, што овде можат се’ да ти простат освен успех!? Зашто туѓиот најмногу ги иритира и нервира, па устите на хејтерите им се полни со злоба, завист, љубомора… Веднаш го „исплукаа“, а јутјуберот погоден од коментарите, реши жестоко да им го возврати ударот на својот Фејсбук: