Само еден месец по одлуката на Анѓелка Прпиќ да го смени презимето и да стане Стевиќ Жугиќ, по мистериозната свадбена церемонија, актерката и нејзиниот сопруг Марко, како што пренесуваат локалните медиуми, се подготвуваат за уште една голема промена во животот.
Имено, одлуката на Анѓелка Прпиќ и Марко Жугиќ да се преселат надвор од Белград е веќе подолго време, а парот сега интензивно бара плац во околината на Белград каде би изградиле куќа за своето семејство и на тој начин би се погрижиле да нивните деца растат надвор од метежот и вревата на градот.
View this post on Instagram
– Анѓелка ја сака природата и сака нејзините деца да растат во таква средина. Парот разговарал и се договориле да имаат своја оаза на мирот надвор од градот до крајот на следното лето. Тие веќе почнаа да бараат земја бидејќи не сакаат да купат куќа, туку да ја градат по нивна желба – изјавил извор близок на парот за локалните медиуми.
Оваа одлука ќе внесе посебна промена во животот на синот на Анѓелка, кој го има од првиот брак, а кој во Белград веќе има рутина, училишни обврски и многу пријатели. Сепак, момчето кое е полно со љубов кон својата сестра Чарна и неговата мајка, со нетрпение ја очекува новата авантура која го очекува нивното семејство.
фото:Instagram printskrin