Пејачката со македонско презиме (иако нема македонско потекло) деновиве уживаше во одморот ловејќи ги последните сончеви зраци, за што подобро да се подготви за својот втор обид и учество во „Ѕвездите на Гранд“, откако еднаш не успеа да дојде до финалето.
Исклучително надараена со бујна природна предница и голема овално извајана задница, русокосата убавица една најатрактивните учеснички во најгледаното регионално музичко талент шоу… И веројатно најцицлестата, зашто Теа Стошевска таму речиси и да нема конкуренција, ако не ги броиме силконските убаваици желни за пејачка слава.
Она што е од Бога дадено, понекогаш треба и со Бога да се сподели, а како што се вели, Бог е и самата природа и се’ она што не опкружува, па Теа Стошевска реши овој пат целосно да се разголи… И тоа до гола кожа и да се покаже токму во природно издание!
Топлото море и чистата проѕирно – сина вода на каталонските плажи крај Барселона, како создадени за спомени што ќе се паметат, а едни од нив и оние на кои пејачката ослободена од сите стеги, обврски и секаков стрес, се сликала топлес!
До душа бујните гради цицлестата теа ги прекрила со рацете, но сепак…Она што не се гледа 100% може да се насети, колку многу возбуда има во разголените морски пози што енормони и го качија бројот на посети, на социјалните мрежи!
Веројатно како добра најава за она што допрва од неа на пејачки план во „Ѕвездите на Гранд“ не очекува… А можеби ова е само „генерална проба“ на овој начин со јавноста да кокетира, зашто гласовите на публиката се тие кои покрај настапот на „Гранд сцената“ ако овој пат дотурка до финалето, ќе и ја одлучат судбината!
Фото: Инстаграм/teastosevska_official