Радио Милева на врвот

Ни Бали Бег, ни Џан Јаман: Ова е новиот турски актер по кој девојките изгубија глава (фото)

Ни Бали Бег, ни Џан Јаман: Ова е новиот турски актер по кој девојките изгубија глава (фото)

Бидејќи новата есенска сезона, кога се турските серии во прашање, започна со неколку возбудливи наслови, неколку актерски имиња веќе се истакнаа како водечки актерски ѕвезди оваа сезона. Меѓу ТВ сериите особено се издвои онаа чија втора сезона имаме можност да ја гледаме – „Жената од вилата“, а главен лик на оваа серија која почна да се емитува во Србија е младиот Ферит Корхан, го игра згодниот Мерт Рамазан Демир.

Возбудливата љубовна приказна, која започнува во Антеп, а потоа се искачува на истанбулската сцена, е полна со драма, пресврти, но пред се романтични сцени, на актерската двојка составена од Афра Сарачоглу и Мерт Рамазан Демир.

Младиот турски актер, за кој дамите ширум светот веќе останаа без глава, е роден во 1998 година. Иако играше во бројни продукции, нашата публика имаше можност да го гледа во серијата „Ќерките на Фазилет“, а сепак, се чини дека најголема слава му донесе серијата „Жените од вилата“.

Оваа година згодниот актер, кој според турските медиуми е во емотивна романса со колешката Афра Сарачоглу, стана заштитно лице на YSL Beauty во Турција.

фото:Профимедиа/Инстаграм

To top