Македонската пејачка и актерка со белградска адреса на живеење Тијана Дапчевиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот за нешто што и пречи или едноставно не и се допаѓа. Неретко знае тоа отворено на таквите „да им го плесне в лице“, и да ги шокира со своите изјави.
Арно ама, ниту таа не е имуна на шокови и изненадувања, па токму едно такво и се случи деновиве и то среде емисија.
Имено, Тијана беше гостинка во една емисија за готвење, кај Тања Анѓелковиќ, автор и водител на ТВ емисијата „Нека ти е слатко“, каде беше и „слатко шокирана“ од страна на домаќинката.
Откако талентираното македонско девојќе беше домаќински угостено од водителката и ТВ екипата, следуваше подготовката на специјалитетот на денот – крофни!
Она што беше замислено беше и подготвено, следуваше моментот на вистината….
Дегустација на специјалитетот, за која домаќинката и подготви специјално изненадување на гостинката од кое Тијана остана шокирана… Специјален дегустатор!
Имено, водителката Тања пријатно ја изненади својата гостинка со тоа што ненајавено на дегустација и го донесе нејзиниот син Вук! А, кога виде кого и донесоа во емисија, Тијана остана подзината! И тоа најмногу заради две нешта.
Како прво, нејзиниот син никогаш не гостувал со мајка му и тој заедно со неа сега за прв пат се појавува во една ТВ емисија…
А како второ, Тијана иако беше позитивно шокирана, успеа да забележи и не пропушти да искоментира колку убаво Вук се дотерал за појавувањето со мама на ТВ.
Специјалитетот сите заедно го дегустираа, а коментарите… „Рапсодија на вкусови“, како што забележи Тијана. Впрочем, може ли да не биде добро и трпезата да не биде слатка на заеднички обед со „син на мајка“!?
Фото и видео: Инстаграм/tanjcika/tijana.dapcevic