Македонскиот топ модел Александра Накова одново го живее животот како некогаш! Што би рекле со полни гради! Иако сега е посветена мајка, Накова е посветена и на она што се вели „еднаш се живее“, зашто младоста и годините неповратно минуваат па… потоа е се’ поинаку! Ноќните излегувања, забави, викенди, одмори, егзотични дестинации… и секако, мноштво фотографии постирани на социјалните мрежи! Делумно за спомен и сеќавање на убавите мигови од младоста, делумно за да видат останатите каде е, што прави, а и „за да пукнат душманите“!
По долна облека, свилен пењуар или во баде мантил, сеедно… Накова му ја сервира својата убавина на светот директно од бањата и тоалетот.
Амбиентот можеби и не е најсреќно избран, ама првата асоцијација што ја нудат бањите и купатилата е волшебната игра на сетилата… која може и не мора таму да почне, ама таму секако завршува.. под топлите млазеви на тушот!
Селфи поза пред огледало или само поза која другиот присутен ќе ја овековечи… Како и да е, кај Александра Накова – нема лабаво! Има само на лавабо!
И Александра седната на него, како на последната постирана фотографија. Сега вака, а на следната можеби ќе биде… на биде’?!