Радио Милева бурна биографија

Сите љубовни врски на Александра Николиќ: За еден се „омажи“, со друг чека дете, трет изневери (фото)

Сите љубовни врски на Александра Николиќ: За еден се „омажи“, со друг чека дете, трет изневери (фото)

Александра Николиќ може да се пофали со богат љубовен живот од реалното шоу.

Како бомба во медиумите се слушна веста дека победничката на шестата сезона на реалното шоу „Задруга“, Александра Николиќ е бремена со Филип Цар.

Набрзо таа проговорила за медиумите и ги потврдила наводите, а во таа прилика открила дека е пресреќна што ќе стане мајка на девојче.

Учеството на Александра во реалното шоу го одбележаа бројни, но и бурни љубовни врски. Иако сите мислеа дека Александра ќе се смири покрај Дејан и ќе роди дете, шестата сезона на реалното шоу се преврте наопаку, а таа го изневери Драгојевиќ со поранешната љубов од четвртата сезона, Филип Цар.

Николиќ беше првата ријалити девојка на Филип, а врската меѓу поранешните „задругари“ беше турбулентна, па често раскинуваа, а тој лежерно ја замени прво со Маја, а потоа со Далила. По колапсот на љубовта со Далила, Александра како „утеха“ дојде кај Филип. Се заколна дека ништо не може да ги распарчи, но по излегувањето од реалното шоу на романсата и дојде крајот.

Слично сценарио беше и со Дејан. Двајцата стапија во врска во петтата сезона на реалното шоу, по раскинувањето на Дејан со неговата тогашна сопруга Далила. Александра прво дојде како рамо за плачење, но пријателството набрзо се претвори во љубов. Иако сите беа убедени дека тие двајца се родени еден за друг и дека ќе завршат на лудиот камен, Николиќ сепак влезе во реалното шоу, каде го остави Дејан за Цар.

Во петтата сезона на „Задруга“ Алекс беше во врска со Марко Осмакчиќ, кој по неа ја остави својата тогашна девојка Викторија Вики Митровиќ, но и таа романса кратко траеше.

Во „Задруга 4“ Александра беше во кратка романса и со Јањуш, со кого дури и се „омажи“. Нивната љубов се случи по раскинувањето на Јањуш со Маја, а сега и поранешниот кошаркар и победникот на реалното шоу се правдаат дека меѓу нив не била вистинска љубов, туку се е шега и сценарио за реално шоу.

Ако малку повеќе ја прочешламе историјата, и се навратиме на четвртата сезона, ќе се потсетиме и на контроверзниот модел Тома Паниќ. Пред да влезе во „Задруга 4“, Тома дома ги остави невенчаната сопруга Надежда Биљиќ и синот Лонг, а потоа заврши во жешки игри со Алекс.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

To top