Популарната пејачка Елена Ристеска беше една од првите интервјуирани за потребите на новиот портал на актерката Весна Петрушевска, „Мој сајт“.
Бејби реши таа самата да се ангажира и да ги прави интервјуата, а за почеток приказната ја започна со Елена.
Искрено и отворено Елена и одговори на Бејби Мама на повеќе прашања врзани со кариерата и приватноста, а на прашањето како се гледа за пет години, таа одговара вака:
Како успешна мајка и сопруга и се уште музички и авторски активна, но би се посветила и на други бизниси за кои имам уште одамна голема желба. Зависи од партнерот, доколку ми ја дава поддршката во чување на домот и децата, би била успешна и реализирана во повеќе полиња на животот, откри Ристеска емотивно и со отворени карти пред јавноста.
Инаку, Елена изминатата недела се впушти во туристичка авантура на Малта од каде се врати со полни батерии.