Македонскиот блуз и рок гитарист Iggy Man односно Игор Станоевски кариерата ја започнал на 16-годишна возраст, кога неговиот неверојатен талент бил препознаен од “Јамаха” и станува нивно заштитно лице за Македонија во 2003-та година. Меѓу неговите многубројни успеси е солистичкиот настап на Блуз и соул фестивалот, како и настапот со гитаристот на Мајкл Џексон, Грег Рајт. Настапил и на Reckenberg Blues Festival во Германија, како и на многу други фестивали. Има соработувано со Пијан Славеј, Гоце Стевковски, Симон Киселички, Петар Лукиќ, Gregor Hilden и други.
На 27-ми Септември, среда, Иги Мен ќе се претстави со своето трио во Куршумли Ан. Почеток на концертот е во 21 часот. Билетите се по цена од 200 денари.