Прославениот фудбалер и сега тренер Небојша Гудељ го прослави роденденот, а оваа прилика ја објави и неговиот син Немања на својот Инстаграм профил.
Немања Гудељ посака да му го честита роденденот на својот татко и објави серија фотографии со со кои му го честита овој прекрасен ден, а истото го направи и снаата Анастасија.
– Среќен роденден шефе – напиша Немања со досега невидена фотографија од неговото детство.
View this post on Instagram
Инаку, Небојша неодамна проговори за тоа колку страдало семејството поради неговата кариера, а сега дава се’ од себе да го надомести тоа и да биде што повеќе со синовите:
– Животот на еден фудбалер е тежок и вклучува многу жртви од семејството, децата и патувањата. Некое време професионално бев во Кина, Немања остана сам во Шпанија, помалиот син Драгиша сам во Португалија, а сопругата Оливера сама со нашата ќерка Вања во Холандија. Одделени од целиот свет, но секогаш врзани со срце. Тоа беше период од животот кој имаше своја тежина и во кој стекнавме големо искуство и воедно не зајакна уште повеќе како семејство. Имањето и одржувањето семејство е најскапоценото достигнување. За семејството, исто така, за бракот секогаш треба да се бори и за да го одржиш треба да бидеш силен, да имаш голема душа, чист ум и срце верно. Семејството е свето, а бракот е света заедница на двајца луѓе – истакна тој за Курир.рс
фото:Инстаграм принтскрин/Немања Гудељ