Денеска е Преподобна маченичка Теодосија.
Свети Теодосија била родум од Цариград, од богато семејство. Татко и умрел уште додека Теодосија била на седумгодишна возраст. Мајка и уште од малечка ја дала да се воспитува во манастир. Теодосија пораснала, го засакала подвижничкиот живот и не сакала да го напушти манастирот.
Нејзиното страдање паѓа во времето на иконоборечкиот император Лав Исавриецот (717-741). Света Теодосија била затворена и мачена поради нејзината ревност во одбраната на правоверното учење за почитувањето на иконите, а најпосле и погубена во 730 година.
Денеска не треба да се шие, да се пере и да се постилаат алишта.
Се верува дека девојките кои ќе го направат спротивното ќе останат без среќа и пород.