Познатиот македонски гитарист со светска слава Дамјан Пејчиновски, заедно со еден од најдобрите вокали во Италија Roberto Tiranti, кој што има настапувано со имиња како Eros Ramazzotti и Gianni Morandi, на зајдисонце на островот Шолта во Хрватска снимија безвременска изведба на незаборавната „Caruso“ од Lucio Dalla.
„Caruso“ – една од најубавите италијански песни во Martinis-Marchi марината. Беше вистинско задоволство да се настапува овде два дена со мојот пријател и неверојатен пејач Roberto Tiranti. Тој е еден од најдобрите гласови во Италија, со неверојатен опсег на гласот. Има настапувано со имиња како Eros Ramazzotti, Gianni Morandi, прогресив рок бендот Labyrinth и многу други“, изјави Дамјан Пејчиновски.
Италијанскиот пејач и автор Lucio Dalla ја напиша „Caruso“ во 1986 година и е посветена на познатиот италијански тенор Enrico Caruso.
Во продолжение, проследете ја оваа фасцинантна изведба на безвременската „Caruso“.