Старлетата Сораја Вучелиќ деновиве е повторно актуелна во медиумите откако и беше забранет влез во Србија и беше депортирана во Црна Гора, а потоа исчезна.
Речиси една недела никој не знаеше каде се наоѓа Сораја и што се случува со неа, но таа најпосле се огласи на социјалните мрежи.
Ако се суди по објавените фотографии, додека обожавателите се грижеа за неа, таа ужива во Калифорнија.
Не е познато што прави и колку ќе се задржи во Палм Спринг, Калифорнија, но судејќи по фотографии старлетата ужива во сонцето.