Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ја вклучи камерата и со гитарата в рака се реши да запее пред своите следбеници. Не дека ретко го прави тоа и сега пееше полн со емоции за своја душа, па повторно успеа да го искористи единствено решение за расположение со песна која има тежина и убавина.
Понекогаш, сите не фаќа носталгија и што друго можеме освен да се препуштиме на моментите кои доаѓаат и силно нѐ обземаат, а Игор знае тоа како да го разубави со песна која е ни помалку ни повеќе туку од познатите Битлси од шеесет и седма.
„With the little help from my friends – 1967 “ – напиша тој во објавата покрај видеото кое го објави на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм, додека свиреше со маичка од Нирвана и песна од Битлси.
View this post on Instagram
А покрај стиховите кои Игор ги пееше „Сакам некого да сакам“ на неговите кратки приказни постираше и реклама со која потполно се согласува дека се е подобро во пар.
Џамбазов со неговото пеење го задржа вниманието на сите, пееше со полно емоции, а неслучајно беше одбрана токму таа со емотивен текст во кој што се пронајде и самиот тој.
Игор ги освежи сите , а за возврат доби позитивни и охрабрувачки коментари: „Браво“, „Одличен“, „Цар“.
Меѓу еден од кометарите кои ги оставија беше и од неговата колешка Весна Петрушевска која му напиша: Таа филхармонија моја, брат ми поголемиот, оној помалиот ни се изгуби.
Неодамна тој се раздели од неговата љубена Илина Арсова која замина да предава на колеџ во Америка, а и се прости и од неговата мачка Емилија, која почина, а со која беа неразделни. Така тагата стана чест гостин во душата на нашиот познат шоумен Игор Џамбазов. Па не е ни чудно што ја запеа токму таа песна за самотијата.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Игор Џамбазов