Радио Милева назад кај натпреварувачите и гледачите

Лила ја почнува новата сезона на „Се или нешто“ со нов имиџ: Промена сосема поинаква од било која досега (фото)

Лила ја почнува новата сезона на „Се или нешто“ со нов имиџ: Промена сосема поинаква од било која досега (фото)

Гејм шоуто „Се или нешто“ на телевизија Сител се емитува цели 11 години, а на ред е 12-та сезона по ред.

„Се или нешто“ е единствениот квиз- шоу формат кој што остана перманентен толку време и тоа со иста водителка, една и единствена – Лила Филиповска.

Досега поминале голем број натпреварувачи во студиото на Сител, едни дошле кај Лила за дружење, други за да ја запознаат одблизу, трети да освојат некој денар.

Изминатите години во однос на квизот не се сменија многу нешта, правилата речиси исти, а главната награда една- милионот.

Лила и банкарот се стара и искусна постава која совршено знае да се носи во секоја ситуација кога се работи со луѓе пред камери, различни карактери и енергија.

Многумина се прашуваат како на Лила толку години не и досади една иста работа, но таа има да каже само едно:

Кога работата ти е хоби и уживање- тогаш возможно е да се биде и постојан играч.

За „Се или нешто“ Лила вели и дека е проект на нејзиниот живот.

-Вложивме многу љубов, труд и работа за да ве забавувавме и драго ми е што успеавме во тоа затоа што рејтинзите сите овие години го докажуваат тоа, напиша таа во една прилика пред почетокот на нова сезона.

Септември е месец на почетоци, а Лила токму од својата канцеларија, односно својата работна соба и гардеробер од телевизијата се пријави со нов имиџ, подготвена за снимање.

Изминатите години таа докажа и покажа дека храбро им пристапува на промените, па така и сега со нов имиџ односно фризура се враќа на работа.

Потемна коса, скратена и поразлична од се’ што сме виделе досега.


Со нови сили, полна со енергија од многуте убави патувања кои ги имаше, Лила му се враќа на студиото, банкарот, натпреварувачите и секако гледачите.

фото:Инстаграм принтскрин/Лила Филиповска

To top