Мегафон

Стенд ап комедија со Бојан Велевски во сабота во Кисела Вода

Стенд ап комедија со Бојан Велевски во сабота во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги кани сите оние кои ја користат секоја прилика да го збогатат своето секојдневие со моменти на среќа и смеа, оваа сабота, 23-ти септември да дојдат во паркот „Македонија” (кај домот на култура „Билјана Беличанец”), каде свој стенд ап настап ќе има Бојан Велевски, еден од најактуелните комичари кај нас периодов.

Човекот кој има инспирација секогаш да нѐ насмее, миленикот на сите генерации, Бојан Велевски, подготвува прекрасна саботна вечер во која сите присутни ќе можат да се опуштат, и насмеани и расположени да уживаат.

Настанот е закажан за во 20 часот и за него не се потребни влезници. Истиот е дел од неговата голема турнеја, најголемата стенд ап турнеја во Македонија, но и дел од стратегијата и заложбите на Општина Кисела Вода за обезбедување квалитетни и актуелни содржини за своите граѓани.

-Поканете ги вашите пријатели и семејство и оваа сабота дојдете да се насмеете и забавувате во паркот Македонија! Ова е одлична прилика за заедничко дружење и добро расположение и смеа, велат од општината.

To top