Елена Китиќ е една од најактуелните пејачки од помладата генерација, но сепак не сака да дава изјави за медиумите.
Нејзините родители се успешните пејачи Миле Китиќ и Марта Савиќ, кои не кријат колку се горди на својата ќерка.
Елена е родена во 1997 година, а 13 години подоцна е фотографирана кога со мајка си отишла на концерт.
Тогаш имала шишки, поинаква фризура и интересен стајлинг, а нејзината мајка Марта таа вечер навистина блескала и ја прегрнала својата ќерка.
Во коментарите следбениците напишаа дека Елена сепак повеќе личи на таткото Миле. „Марта е убава, а Елена повеќе личи на Миле“, е впечатокот на еден следбеник.
Миле е многу горд на својата ќерка со која заедно наскоро ќе имаат американска турнеја.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/