Поранешниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ се појави на снимањето на новата емисија, а по тој повод прозборе и за ѕвездите кои „ги роди“ споменатата продукција.
Имено, Саша истакна дека тој е заслужен за успехот на Александра Пријовиќ, Теа Таировиќ и Милица Павловиќ, а потоа објасни и зошто.
– Се чувствувам одговорен за успехот на Милица Павловиќ, Александра Пријовиќ и Теа Таировиќ, секако… Да не бев јас, „Ѕвезда Гранд“ и „Гранд“ продукција немаше да бидат таму каде што се. сега – рече Поповиќ на самиот почеток, а потоа се осврна и на нивните кариери, но и на нивните албуми.
View this post on Instagram
– Пријовиќ е врв, и Милица Павловиќ феноменална! Мене сите нивни албуми оваа година ми се многу добри, навистина сум горд на тоа и мило ми е што сега сите ќе настапат во Арена, на нивните солистички концерти, да не кажат другите пејачи: Еве Ѕвезде Гранда, а никој досега немал солистички концерт“. Сега е нивното време! – истакна тој.
Саша истакна дека се радува за нив и истакна дека ова е само почеток.
View this post on Instagram
– Сите мора да знаат дека концертите не се прават преку ноќ, мора да поминат 5, 6, 7 години, па и 10, за да се достигне таа поп популарност. Пријовиќ закажа три концерти во Белград, Милица еден, може два, Теа пееше на Таша, каков концерт имаше таму, супер! Среќен сум, задоволен, одлично! – додаде Поповиќ.
Поповиќ додаде дека ќе ги посети нивните концерти во Арена.
– Ќе одам на нивните концерти во Арена, секако дека ќе одам. Од трите, кој ми е омилен? Па, сите три! – заклучи Саша.
фото:Инстаграм принтскрин