Папараците пред неколку дена ја уловија Кејт Мос на улиците во Лондон во лежерно, опуштено издание.
Познатата манекенка е фотографирана за време на семеен ручек во моментот кога излегла да пуши цигара, без навестување шминка и уредна коса, во лежерни панталони и убава розова кошула со црни точки.
Модното издание на познатиот супермодел беше слатко и урбано во исто време, но вниманието на јавноста го привлече нејзиното лице без шминка, поточно една фотографија на која Кејт Мос се гледа како насмеана со цигара во рацете.
Вистина е дека споменатата фотографија не ја прикажува во убаво светло – брчките на лицето на Кејт се многу изразени, а нејзиниот тен изгледа прилично нездрав. Цигарата дополнително го расипува впечатокот на сликата, а да потсетиме – оваа 49-годишна жена своевремено беше прогласена за „најголем пушач на сите времиња“.
Од друга страна, останатите фотографии од овој супермодел направени во истата прилика се сосема различни – таа на нив изгледа многу поубаво и помладо. Сите сме имале лоши фотографии, некои поради изрази на лицето, некои поради осветлување, едноставно погрешен момент, но интернетот беше безмилосен кон Кејт Мос – оваа нејзина фотографија веќе кружи на мрежите.
Коментарите се остри и публиката не ја поштеди познатата манекенка. „Дали е ова навистина? Изгледа како да има 75 години“, „Буквално изгледа 20 години постаро отколку што е“, „Ова го добиваме кога ќе ја извадиме шминката и филтрите…“, „Оваа нејзина слика треба да биде објавено насекаде како пример зошто не треба да пушите“, „Не верувам дека ова е таа“, „Изгледа многу, многу грубо, како работник на фарма“, „Се чини дека пуши и нездравиот животен стил си го наплати својот данок“, се само дел од коментарите.
Фото: Принтскрин/Профимедиа