Првото издание на фестивалот “TasteThe South” во Гевгелија започнува на 15-ти септември, петок и ќе трае до 17-ти недела.
На трите дена од ова фестивалско уживање ќе настапат повеќе од 30 музички изведувачи и музички ѕвезди од Македонија, еден бенд од Шпанија, но и многу локални музичари, културно уметнички друштва, како и богата програма за деца со забавувачи од Баскерфест и детскиот фестивал Калинка, ќе има и дефиле, изложба на Олдтајмери во сорабока со повеќе клубови,а исто така вреди да се напомене дека водител и шоумен ќе биде единствениот Сашко Коцев.
Основната цел на фестивалот е промоција на вкусовите на Гевгелија и регионот, па се очекуваат повеќе од 50 различни изложувачи, производители на храна, пијалоци, различни автентични деликатеси, рачни изработки, уметнички дела, како и угостителски објекти, кои ќе бидат сместени под големи шатори и ќе функционираат како голем изложбен простор. Сето тоа ќе биде поставено на спортското игралиште при ООУ Владо Кантарџиев кое се наоѓа на самиот влез на градот. Обезбедени се многу паркинг места за посетителите, како и места за одмор, рекреација и уживање, корпи за отпадоци и тоифор тоалети.
На големата бина во овие три дена Гевгеличани и посетителите ќе уживаат во голем број на музички вкусови меѓу кои се : КУД Боимиа, Анета Ристова Василева, Инфузиона2 бенд од Шпанија, Баклава, Миле Кузмановски, Дац и Александар, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, ФОНИА, Ристо Стојанов и бендот, миленикот на младите Пајак од Урбан Рекордс, Диверзија (стенд ап шоу), Некст Тајм, Куку Леле, ДНК, КУД Негорци, КУД Браќа Толеви, децата од школата за гитара на Коце (Зијан), децата од школата за тапани на Моки, Европорта фест, Мистик денс клуб, Улични изведувачи Баскерфест, малите славејчиња од Калинка, Брас Брадрс, Суперхикс и Ареа. Не очекува возбудливо издание на првиот “TasteTheSouth” фестивал во Гевгелија, ве очекуваме во голем број и заедно со позитивна енергија, да го вкусиме југот и да направиме традиционална манифестација со која ќе се гордееме. Ве очекуваме во петок на TASTE THE SOUTH GEVGELIJA ветуваме одличен фестивал и преубава забава. Главен покровител на манифестацијата е Општина Гевгелија