Мегафон

12-то издание на неофицијалниот празник на пивото – „Пиволенд 2023“

12-то издание на неофицијалниот празник на пивото – „Пиволенд 2023“

Најурбаниот скопски пивски фестивал – Пиволенд кој ќе се оддржи по дванаесети пат, започнува на 21-ви септември (четврток) и ќе трае до 23-ти септември (сабота). Оваа година локацијата на Пиволенд ќе биде на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајковски. Како и во минатото на Пиволенд ќе има разновидна палета на пива како од Македонија, така и од странство, исто така пријавени се голем број на учесници кои произведуваат занаетчиско или крафт пиво. Музичката програма оваа година како по традиција е исполнета со различни стилови и жанрови за сите вкусови, а најголем простор и поддршка секако отстапен на македонски бендови и артисти. Денес ќе се објави само дел од музичката програма на главната бина на фестивалот, а комплетната програма ќе биде објавена во следните денови.

Така на сцената додека уживаме со ладно пиво ќе ги слушаме и гледаме легендите на македонскиот поп-рок Ареа, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд кои слават заедно со нас за првите 30, Дани Димитровска со својот бенд, ултра популарното рап дуо од Црна Гора ХУ СИ (WHO SEE) познати како учесници на евровизија пред неколку години и автори на големиот хит “Џе се купаш”, потоа македонските диџеи со светско реноме СИРИЛИК (Cyrillic), најдобриот македонски реге бенд Конкверинг Лајон и ултра позитивните мајстори за добра забава Брас Брадрс. Секако и оваа година како и во минатото ќе постои и втора сцена која годинава ќе го носи името 🍺🍺“2BEER OR NOT 2BEER STAGE”каде простор и поддршка ќе се даде на млади бендови и артисти, но поткрепени со веќе еминентни имиња од алтернативната македонска музичка сцена. Во петок на оваа сцена ќе има и голема прослава на МАКЕДОНСКИОТ ХИП ХОП во склоп на светската прослава на 50 години ХИП ХОП со настапи во живо на дел од најеминентните македонски рап имиња. Добра најава за подгревање на атмосферата пред неофицијалниот празник на Пивото во Скопје – Пиволенд со слоганот кој повеќе од деценија ги радува скопјани и посетителите надвор од градот: ДОЈДИ – ВИДИ – ИСПИЈ!

To top