Радио Милева „како од пушка“

ТВ ѕвездата без влакна на јазикот за славниот актер: „Тој е подло суштество!“ (фото)

ТВ ѕвездата без влакна на јазикот за славниот актер: „Тој е подло суштество!“ (фото)

Шерон (70) и Кели Озборн (38), сопругата и ќерката на легендарниот рокер Ози Озборн, никогаш немале влакна на јазикот, а сега Шерон многу отворено зборувала за своето мислење за популарниот актер.

Тие гостувале на каналот „E!“ каде зборувале на многу теми, а во еден момент учествувале и во играта во која се извлекувале прашања.

Едно од прашањата кое Шерон Озборн го добила било која е најнепристојната јавна личност која ја запознала во животот.

Таа не морала многу да размислува, веднаш знаела кој е човекот којшто најмногу ја запрепастил со својата непослушност иако не можела „од прва“ да се сети на неговото име.

„Она момче што е оженето со актерката, беше во „Весели седумдесетти…“, изјавила Шерон, а нејзината ќерка рекла:

„Ох, Ештон Качер? Навистина?“.

„Да. Ох, тој е непристојно, непристојно, непристојно, непристојно мало момче“, изјавила Шерон згрозено, а водителите биле прилично изненадени и признале дека не биле подготвени за таков одговор.

На нивното изненадување одговорила потврдувајќи дека тоа е нејзиното мислење.

„Да. Тој е подло, мало суштество“, изјавила таа.

Сепак, Шерон не кажала детали, па не е познато зошто Ештон ѝ оставил таков впечаток, а нејзината ќерка и таа продолжиле да зборуваат за славните.

Се докажало дека и двете имаат симпатии кон иста славна личност, актерот Џејсон Момоа, а Кели признала и дека никогаш не би им се извинила на јавните личности со кои била во „јавна војна“.

фото:Инстаграм принтскрин

To top