Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш потврди дека е „ноќна мора“ за Италија. По катастрофата од Англија, конечно еден добар натпревар, солидно поставена тактика, цврста игра на средината, брзи на контри во нападот, сигурни во одбраната сво која македонскиот голман Столе Димитриевски уште еднаш потврди дека е светска класа.
Чуварот на нашата мрежа не крие дека има свој идол од младоста на кој му се восхитува и денес, а тоа е италијанската голманска легенда, однеодамна тазе фудбалски пензионираниот Џанлуиџи Џиџи Буфон.
Токму Столе се појави со неговиот дрес на себе на првата средба при собирот со фудбалерите и селекторот Благоја Милевски на подготовките пред двата квалификациски средби за Европско против Италија и Малта.
Италијаните одново никако да излезат на крај со нас, а македонскиот голман имаше можност да си ја исполни најголемата желба во животот, за која мечтаел уште од дете… Да се сретне со својот идол Џиџи Буфон, кој беше дел од италијанската фудбалска делегација на натпреварот меѓу двете репрезентации.
Средбата во соблекувалните на стадионот „Тодор Проески“ непосредна, емотивна и срдечна. Со тоа што Столе не пропушти од џебот на тренерката да го извади споменатиот дрес на легендарната „единица“ и побара од својот идол да му се потпише на него.
Галантниот Џиџи иако можеби помалку и изненаден, со насмевка, прегратки и бакнежи тоа го прифати, оставјќи автограм со посвета на восхитениот Столе.
Срцето и душата полни, како поттик повеќе македонскиот голман да продолжи со добри одбрани и резултати, како во репрезентативниот дрес, така и во оној на клубот за кого настапува, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/ffmacedonia