Овчеполието, а особено Лозово, е препознатливо по своите обработливи ниви и родовити плодни земјишта, што ја прави идеална позиција за виногорје. Овде, винските култури процветуваат, откривајќи потенцијал да произведат висококвалитетни вина. Високите температури, сончевите денови и плодните почви допринесуваат за одлични вински реколти. На 6 и 7 септември ќе се слави почетокот на бербата на грозјето заедно со Next Time, Ламбе Алабакоски и Спасен Силјановски. А свои настапи ќе имаати : Атиџе Муратова фолклорниот ансамбл „Кочо Рацин“ од Лозово и ГМД „Свети Николај“ од Свети Николе под диригентската палка на маестро Кирил Трајковски. Водителка на настанот ќе биде Ирена Спировска.
Општина Лозово привлекува многу винарии да откупуваат грозје од овој регион и грозјето од овде претставува гордост за македонската винска индустрија. Вината од овој регион го отсликуваат автентичниот карактер на Овчеполието и ја претставуваат македонската винска традиција на најдобар начин. Со секоја чаша вино од Општина Лозово, може да се вкуси радоста од богатството на земјоделскиот раскош на регионот, создадена од рацете на локалните жители кои ја работат и ја берат секоја година со љубов и страст. Овој регион има несомнено потенцијал да се развие во важен хубли за винската индустрија на Република Македонија и да привлече туристи со своите вински туризам и уживање во богатите гурмански и културни доживувања.