Радио Милева горка победа

Кевин Костнер проговори откако го доби судскиот спор против неговата поранешна сопруга: „Чувството е навистина лошо, зборуваме за некој што го сакам“

Кевин Костнер проговори откако го доби судскиот спор против неговата поранешна сопруга: „Чувството е навистина лошо, зборуваме за некој што го сакам“

Познатиот актер Кевин Костнер го доби случајот против неговата поранешна сопруга Кристин Баумгартнер.

Тие двајцата се скараа за алиментацијата, бидејќи Кристин барала значително поголема сума за издржување на нивните три деца.

Имено, на Кристин првично и била понудена алиментација од 129.000 долари, но таа не ја сметала за доволна и како што напиша „NY Post“, побарала сумата да се зголеми на 175.000 долари месечно. Таа како главна причина навела дека сака децата „да го уживаат истиот луксуз кога се со неа, како кога се со татко им“. Меѓутоа, како што сега објави TMZ, Кристин подоцна се согласила да ја намали сумата што ја бара и ја сменила на 161.592 долари.

Сепак, судијата од Лос Анџелес во петокот одлучи да ги одобри предложените 63.209 долари месечно алиментација на актерот за неговата поранешна сопруга. По оваа одлука се огласи и Костнер.

„Страшно е да се биде овде, но тука сме. Се чувствува толку лошо. Зборуваме за некој што го сакам кој е на другата страна. Едноставно не можам“, изјави Кевин Костнер за „Access Hollywood“за судењето.

На прашањето дали сè уште ја сака поранешната сопруга, актерот одговорил: „Секако“.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top