Најпознатиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со години има посебен режим на исхрана, кој му дава енергија и го прави секогаш во топ форма.
На неговото мени има само здрава храна, а се чини дека неговите наследници Тара и Стефан тргнале по неговите стапки.И Јелена, сопругата на Новак, се труди да јаде што е можно поквалитетно и здраво, а нејзината витка линија е доказ за тоа колку се грижи за тоа што го става во своето тело.
Иако сме навикнати Новак најчесто да го гледаме на тениски терен, овој пат тој направи преседан и на социјалната мрежа „Тик Ток“ објави видео кое брзо стана вирално.Новак во видеото кое го објави го сподели и рецептот за овие здрави палачинки.
– Здраво на сите, еве сме во кујната.Правам палачинки без глутен, без додаден шеќер.Само за Стефан кој има две години и сака палачинки.Ова го правиме секое утро – рекол Ѓоковиќ, а потоа го открил и рецептот.
@novakdjokovicj🎾♬ original sound – Novak Djoković
Имено, првиот рекет на светот влегол во кујната, се фатил за садовите и почнал да подготвува појадок за своето семејство. Станува збор за палачинки, и тоа не за какви било, туку здрави, без глутен. Неговиот син Стефан сака да го јаде овој деликатес во секое време од денот, а мајката на Новак, Дијана, се труди да ги задоволи своите внуци кога и да има прилика.
View this post on Instagram
Таа во една прилика раскажала дека бараат од неа да им направи палачинки, но кај неа имаат можност да изберат, а тоа обично се белите, обични палачинки кои сите ги обожаваат.
– Ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушаме: „Бабо, подготви ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме: „Кои сакаш, безглутенски или нормални“, а Стефан вели: „Бабо нормални, остави ги безглутенските – на сите им откри Дијана Ѓоковиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ТикТок