Радио Милева бесна каубојка

Бритни Спирс топлес јава коњ, ама и тоа и е малку: „Требаше да бидам гола“ (фото)

Бритни Спирс топлес јава коњ, ама и тоа и е малку: „Требаше да бидам гола“ (фото)

По веста за разводот, Бритни Спирс повторно ја шокира јавноста со своето однесување. По бизарните видеа со пријателите, на кои една нејзина пријателка и ја лиже ногата, Бритни реши преку својот Инстаграм профил да сподели видео на кое се гледа како јава коњ топлес.

„Морав да го соблечам горниот дел во пустина. Требаше да бидам гола“, напиша пејачката во описот, но видеото набрзо беше избришано од Инстаграм.

Имено, на дел од фотографиите кои ги сподели од својата авантура во пустина, Бритни Спирс носеше каубојска капа, бели панталони и жолт топ, но на споменатото видео грбот и беше гол.

Нејзиното однесување по разводот со Сем Ашгари повторно ја загрижи јавноста . Иако гласините се шират од март оваа година, поранешната двојка официјално се огласи кон средината на август.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

После тоа, Бритни била видена со друг маж, за со кој постои сомневање дека е во романтична врска. Наводно, станува збор за Пол Ричард Солиз, кој речиси една година е вработен како нејзин персонал, а наводно има и криминално потекло, што Бритни не го проверила при вработувањето.

Инаку, Бритни и Сем Ашгари моментално се среде развод, а постигнаа договор за сопственоста на домашни миленици, каде од пет кучиња, Бритни доби старателство над четири кучиња. Ашгари нема да добие пари бидејќи потпишале предбрачен договор со кој таа не е обврзана да му плати по разводот.

фото:Инстаграм принткрин

To top