Хрватската поп пејачка Нина Бадриќ вечерва, 9 јуни 2018, за прв пат во Скопје ќе има свој целовечерен концерт во Македонската филхармонија.
Иако таа се обидува да го задржи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, познато е дека пејачката ужива веќе една година во врската со седум години постариот претприемач Тино Брал (52) од Ливно.
Според хрватската “Глорија”, Нина и нејзината посилна половина се неразделни, живеат заедно во својот стан, се дружат со своите пријатели, патуваат… па се зборува како кон крајот на минатата година тие се венчале на Малдивите.
Иако Нина се обиде да ги скрие рацете ставајќи ги зад грб додека сликаше на аеродромот, на е фотографиите погоре јасно се гледа дека пејачката носи дијамантски прстен.