Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, ја понесе „титулата“ на најпровокативно облечена јавна личност на месецот, откако во Италија со недели предизвикуваше остри реакции поради разголените изданија.
View this post on Instagram
Поради тоа, Бјанка сега е во фокусот на вниманието на медиумите, па така и нејзините стари фотографии се повторно актуелни. По стапувањето во брак со раперот и дизајнер Канје Вест, таа го променила начинот на облекување, но провокациите ни пред тоа не ѝ биле непознати.
Ценсори во 2021 година позирала во кампања на брендот за костими за капење „Sasha Label“. На фотографиите на модниот бренд со кој исто така соработувала и Адријана Лима (исто така позирајќи топлес), Бјанка носи долен дел костим за капење додека како „моден детаљ“ со кој ги прекрила градите ѝ послужила морската трева.
Кампањата се состои од низа провокативни фотографии од Ценсори за која велат дека радикално го променила својот имиџ откако е со Канје.
фото:Инстгарам принтскроин/sasha.label