На социјалните мрежи осамна анонимно аматерско видео на кое се гледа како познатиот босански рапер Буба Корели се расправа со девојка и ја скубе за коса.На видеото јасно се гледа дека Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, физички ја малтретира својата партнерка.
Имено, на самиот почеток на контроверзното видео, тој ја влече за коса несреќната девојка, пишува pink.rs.
Исто така, раперот продолжил да и вика на сред улица, а кога таа се вознемирила и се обидела да се одбрани од него, тој ги тргнал рацете подалеку за да не ја удри.