Mакедонската ријалити ѕвезда, инфлуернсерка и топ модел Елеонора Миљковиќ последната недела од месец октомври минатата 2022 год. се омажи за своето долгогодишно момче Чедо Кочовски.
Атрактивната скопјанка го смени начинот на живот и презимето, но не до крај и навиките или барем не начинот на кој ги споделува со јавноста своите инфлуенсерски способности да рекламира разни услуги и производи, од кои очигледно најдобро и оди со еротската долна облека и секси костимите за капење.
И додека јавноста и популацијата, особено онаа – машката се занимава со нејзината телесна дарба, убавата Елеонора деновиве сподели една од своите свадбени фотграфии со кои слави еден необичен ден или празник ако сакате… Кај нас малку познат и забележан, 18 август, денот посветен на почитување на љубовта и трајната врска што ја споделуваат паровите.
Плод на секоја љубов е проширувањето на семејството, па затоа и не изненади дека во нејзиниот семеен дом стигна принова. Но, да се разбереме дека не е она на што веднаш може да помислите, туку е в прашање нешто сосема друго. Еден поинаков вид на љубов, која го прошири семејството Кочовски, ама со нов куќен миленик.
Имено, познато е дека Елеонора покрај онаа со сопругот, најмногу својата љубов ја делеше со своето кутре од расата Бишон. Бушавиот немирко по име Болт, како што вели самата сопственичка, „можеби не е целиот нејзин живот, но тој го прави нејзиниот живот целосен“. Затоа дури и на нејзината свадба, на тој свечен и радосен ден, домашниот миленик беше неизоставен, како и во многу други ситуации пртходно, а и потоа, откако г-ѓица Миљковиќ, стана г-ѓа Кочовска!
Па дури и кога тазе сопружниците ќе останат сами да споделат љубов, секогаш е тука некој трет да упадне во нивниот „интимен свет“.
Арно ама тој трет, повеќе не е сам, зашто сега по третиот дојде и четврт. Можеби малку поразличен, пошарен ама исто толку влакнест, сладок и забавен, новиот четвороножен миленик, кученцето Коди.
Па сега ти оди разбери се со две немирни ѓаволчиња, кога ќе почнат да лудуваат.
За нив само игра, за газдарицата напор и обврска плус… Што би рекле, слатки маки. Но и тренинг за она што во животот допрва ја чека. Своевидна генерална проба.
Впрочем, откако кутрињата се уморија од својата игра, Елеонора онака уморна, испружена на троседот на заслужен омор и самата признава: „После Болт и Коди, спремна сум и за близнаци“!
Прашање е само дали посилната половина го дели истото мислење, зашто сега не само кога е во прегратка со невестата, туку и кога сам се одмора, не едно, туку две кучиња му го реметат мирот. Само по се’ изгледа дека нивниот немир за него е (све)мир!
Така барем зетот напишал, за да се знае… Или сакал – нејќел, морал така да признае?
Фото: Инстаграм/__elle.m__