ТВ водителката и инфлуенсерка, Лила Филиповска по луксузниот одмор полн со незаборавни моменти и едно поинакво доживување во Дубаи, се врати во Скопје.
Па, додека импресиите се сѐ уште свежи, одлучи своите следбеници на социјалните мрежи да ги повика да и поставувааат прашања.
Нејзиниот куфер никогаш за долго не останува празен, па затоа следбениците кои едвај чекале да ја прашуваат сега имаа можност да го сторат тоа и да дознаат нешто повеќе за неа и патувањето додека е тука.
За неа, таа вели со години наназад патувањето е нејзин лек и најсреќна е кога ги пакува куферите.
Сега, нејзиниот Инстаграм профил е полн со прашања, а најголем впечаток оставија оние личните кои таа со задоволство ги објави.
– Како си помина во Дубаи? На што Лила одговори со фото спомен додека танцува во елитениот и највисок бесконочен базен на светот.
– Што си во подзнак?
– Дупла вага сум – откри Лила.
Во врска со храната да издвоите некој специјалитет?
– „Shawarma …“ едно од најпопуларните на блискиот исток. Потсетува на гиро и може да е јагнешко, телешко или пилешко. Секако со нивните превкусни зачини и вкусеви – напиша таа и откри во која храна најмногу уживала.
– Имаш ли дечко? Гласеше едно поставено прашање на кое водителката наместо одговор постираше песна од Емина Јаховиќ „Слагачу вас све“.
Но, кратко потоа еден фан и ја кажа неговота желба:
Јас би сакал на плажа во Дубаи со тебе! – Па, Лила со фотографија на која носи Барби бикини веднаш го покани.
– Тука дојди – обележувајќи го празното место до неа со бела стрелка.
Сепак, едно од најчувствителните прашања за нешто што Лила го обожава, беше прашањето каде тоа Лила го оставила миленикот Рагнар, додека ужива?
– Се прашувам каде ли го остави Раги?
– Син ми и моите први комшии! Одговори таа и ги шокираше сите кога надополни дека доколку нема кој за него да се грижи би го одложила патувањето.
– Ако нема кој, нема да одам.
Со нејзиниот одговор таа потврди на кого му е најверна, дури би го одложила патувањето што е нејзина најголема терапија.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска