Ситна, динамитна, атрактивна, експлозивна, полна со енергија и сексапил… Македонско фолк мињонче ко бонбонче. Така отприлика до скоро ја опишуваа македонската фолкерка Стојне Николова.
Но, до скоро срамежливата струмичанка со текот на времето и годините несомнено полека прераснува во една сосема поинаква убавица.
Промените евидентни и во изгледот, однесувањето, облекувањето…
Стајлингот на фолкерката сега многу пософистициран, изгледот исто така, а сексапилот и неодоливата привлечност мултиплицирани.
Долгите нозе, витата става, извајаното га*е и симпатичниот лик, ја прават фатално примамлива и пожелна, што и ја зголемува и цената за на тезга и бројот на настапи.
Едноставно Стојне е „Новата јас“ како што и гласи и насловот на нејзината нова песна, истоимената фолк балада на атрактивната струмичанка.
View this post on Instagram
Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии во претходната песна…
Но, не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки и песни во фолк музиката.
А новата Стојне, млада, убава, згодна, атрактивна, сексапилна, пожелна… е девојка која е „вистинска прилика“ за секој слободен ерген. Токму затоа Стојнето го облетуваат многу додворувачи, иако се’ уште, не барем јавно, не видовме дека младата фолкерка е во нечие срце, односно некој во нејзиното, поточно во сериозна љубовна врска.
Арно ама како славата напредува, популарноста оди во нагорна линија, а со неа и приходите, на убавото Стојне, како и на секое младо моме се повеќе му се живее. А серизоната врска не е баш секогаш „компатибилна“ со слободниот уметнички живот, па оттаму на Стојне Николова некако повеќе и „пасува“ да биде слободна.
До душа, семејството изгледа не мисли баш така, па ја прашува само за едно, а Стојнето планира, посакува и мисли на нешто сосема друго. На што – дознајте од видеото што самата го споделила како одоговор на „здодевните“ прашања на фамилијата!
Фото: Инстаграм/stojne_official